Политика за заштита на приватноста

Ефектвна дата: Оваа Политика за приватност се ажурира на 1 мај 2014 година и е во сила од тој датум.

Ние се грижиме за вашите информации и ја цениме и вреднуваме довербата со која ни дозволувате да ги користиме вашите информации фер и коректно. Оваа Политика на приватност се однесува веб страните на Sony Pictures Entertainment и на можностите поврзани со Политиката за приватност (секоја посебно „Интернет страница„ или „Сајт„). На веб-сајтовите кои се нудат од страна AXN Europe Limited и нивните подружници или нивни поврзани компании, вклучувајќи ги и  Sony Pictures Entertainment Inc и Columbia Pictures Corporation Ltd. (понатаму, „ние“, „нас“ и „нашите“). Со посетата и користењето на Интернет страницата, вие се согласувате да ги собираме и обработуваме вашите лични податоци во врска со оваа Политика за приватност.

Оваа Политика на приватност ги опишува: 

  1. Клучните работи што треба да ги знаете за тоа како ние собираме и ги користиме вашите информации
  2. Какви информации ние собираме за вас?
  3. Како ги користиме колачињата и пикселните маркери ?
  4. Како ние се однесуваме со личните информации на децата?
  5. Како ги користиме вашите информации?
  6. Како ние ги споделуваме вашите информации?
  7. Линкови до други интернет страници и услуги и нашата содржина на други интернет страници
  8. Вашата согласност со меѓународните трансфери на вашите информации
  9. Вашите права : пристапот и дополнувањето на вашите информации
  10. Кои чекори ние ги преземаме за да ги задржиме вашите информации безбедни?
  11. Како можеме да правиме промени на нашата политика за приватност?

 

***

1.Клучните точки што треба да знаете за тоа како ние ги собираме и ги користиме Вашите информации

  • Ние ги користиме вашите информации за да ви овозможиме да ги користите можностите на овој сајт, да се процесира вашата регистрација и да ве обезбедиме со други содржини што ги барате, поврзани со нашите филмови и други понуди. Кликнете тука за да дознаете повеќе.
  • Ние обезбедуваме интерактивности во кои се вклучени трети лица од сајтовите на социјалните мрежи, како Фејсбук и Твитер. Кои било податоци што ги добиваме за вашето користење на овие функции е предмет на оваа Политика на приватност. Секој податок што социјалните мрежи го собираат за вас е предмет на вашиот однос со нив. Кликнете тука за да дознаете повеќе.
  • Ние користиме колачиња и други технологии за да го следиме користењето на нашата интернет страница. Ние им овозможуваме на трети страни да ги пласираат таквите технологии на нашиот сајт за да им се овозможи да прикажат реклами и за други намени. Да се дознае за можностите да се избере да не се дозволат колачиња, кликнете овде.
  • Ако сте помлади од 18 години, мора да добиете дозвола од вашиот родител или старател пред учеството  во натпреварот или ангажирање во други активности. Единствен исклучок е ако едноставно се регистрирате за билтен или барање за некоја основна содржина. Кликнете тука за да дознаете повеќе.
  • Ние ги откриваме вашите информации јавно кога ќе објавите Кориснички Генерирана содржина на сајтот. Ние, исто така, можеме да ги откриеме вашите информации на деловните партнери или други трети страни, кога ќе ангажираме трети лица за обработка на податоци во наше име, кога таквата размена се бара во согласност со закон или кога ние веруваме дека законски се обврзани да го сторат тоа, или во некои други ситуации. Кликнете тука за да дознаете повеќе.
  • Оваа интернет страница може да биде домаќин на веб сервери во САД. Вашето користење на оваа интернет страница претставува вашата согласност за трансфер на вашите информации на Соединетите Американски Држави и на други законодавства надвор од Европската економска област која не може да го обезбеди истото ниво на заштита на податоци како во својата земја. Кликнете тука за да дознаете повеќе. 

2 . Какви информации ние собираме за вас?

Информации што вие ги обезбедувате.

Ние собираме различни лични информации за вас, кои може да го вклучуваат вашето име, електронската пошта, податоци за раѓање, број на телефон, вашите барања и интереси, или други информации што ќе ни обезбедат или ќе ни овозможат пристап до вашите информации кога ќе се регистрирате за билтени, ќе комуницирате со нас, или кога ќе земете учество во интерактивни игри или натпревари. Ние, исто така, можеме да собираме информации што ќе влезат на нашиот сајт, како што се фотографии, видео снимки или други содржини кои може да ги испратите на сајтот (" Кориснички Генерирана Содржина " или " UGC ").

Автоматско собирање на информации

Ние може да користиме различни технологии со кои се собираат и доставуваат информации за тоа како се пристапува кон интернет страницата и како истиот се користи како и демографски информации за корисниците на интернет страницата кои можеме да ги добием од трети лица како што е Гугл ( "Употреба на информациите "). Употребата на ннформациите може да се состои од типот на вашиот интернет пребарувач, оперативен систем, веб страни кои се посетени, времето поминато на нив, демографски информации за вас (како што се вашата возраст, пол и области на интересирање, каде што е применливо) а и оние интернет страници што сте ги погледнале пред да ја видите моменталната страница, така што можеме да  добиеме подобра идеја за тоа како нашите корисници комуницираат со нашите интернет станици, а потоа може да ги прилагодиме и да ги подобриме соодветно. Употребата на Информациите генерално не може да бидат поврзани со вас поединечно, но ако можеме да ги поврземе со вас, тогаш ние го третираме тоа  како ваши информации во согласност со оваа Политика на приватност.

Ние може исто така автоматски ја собираме вашата IP адреса или друг единствен идентификатор за компјутерот, мобилниот уред, технологија или друг уред (колективно, "Уред ") кои ги користите за да пристапите на оваа интернет страница. Уникатен идентификатор е број кој автоматски се доделува на Вашиот уред кога ќе пристапите до веб-сајтот или неговите сервери, и нашите компјутери го идентификуваат вашиот уред по овој број (" Идентификатор на уред "). Некои мобилни услуги, исто така, може да ни обезбедат физичка локација на уредот кој се користи за да пристапите на оваа интернет страница.

Интерактивни функции од трета страна

Нашата интернет страница може да вклучува опции понудени од страна на други организации. На пример, можете да се најавите на нашиот сајт со помош на Фејсбук функцијата за поврзување. Можете да учествувате во игра или друга активност, каде што вашиот резултат е објавен на социјалните медиуми. Може да ви биде понудена функцијата „ми се допаѓа” или „сподели“ една карактеристика или содржина од нашата интернет страница на социјалните мрежи. Вие исто така може да се вклучите во активности на сајтови на трети лица, како што се учество во апликација на Фејсбук , каде што третото лице ни овозможува да имааме пристап до вашите информации. Покрај тоа, ние може да добиеме информации ако останатите корисници на интернет страницата на трети лица ни дадат пристап до нивните профили и вие сте еден од нивните " врски" или слично. Кога ќе се добијат вашите информации преку овие активности, ние ги третираме во согласност со оваа Политика на приватност. Информациите добиени од страна на трети лица не се регулирани со оваа Политика на приватност, туку се регулирани со условите применливи за вашата врска со тие трети лица.

3 . Како ги користиме колачињата и пикселните маркери?

Колачињата претставуваат додадени фајлови кои веб серверите ги пласираат на вашиот уред. Употребата на колачиња на овој сајт ви овозможува да уживате во повеќе посети и попрецизно го мери вашето однесување на оваа интернет страница. Можете да дознаете повеќе за користењето на колачиња и пикселни маркери и тоа како можете да ги исклучите  на следниот линк Политика за колачиња.

За комплетна листа на компании кои користат колачиња на нашиот сајт и како тие ги користат, влезете во нашиата алатка за согласност за колачиња. Ова е секогаш на располагање на долниот десен агол на нашата интернет страница. Со користење на нашата интернет станица, вие се согласувате со нас и трети организации за користење на колачиња во согласност со вашите поставки за колачиња. Можете да ја користите алатка за Согласност за колачиња за промена на вашите преференции во секое време.

4 . Како ние ги третираме личните информации на децата ?

Некои од нашите сајтови вклучуваат содржини што можат да ги привлечат децата. За деца ги сметаме лицата помлади од 18 години возраст ( законски термин кој се користи е " малолетници" ). На овие интернет страници, ние може да прибираме електронски адреси и возраст на малолетниците со цел да испратиме билтени и да ги ангажираме во други ограничени активности. Доколку сте малолетни, и сакате да не обезбедите со вашите лични податоци за други цели, како на пример да учествувате во промоција или натпревар, мора да ја прочитате оваа Политика на приватност со вашиот родител или старател и да добиете согласност од вашиот родител или старател. Ако сме известени или на друг начин дознаеме дека малолетникот доставил лични податоци до нас преку било кој од нашите сајтови спротивно од условите утврдени погоре, ние ќе ги избришеме личните податоци на малолетникот. Малолетници помлади од 14 години може само да сурфаат на интернет страницата и да играат игри со функции. Ние несвесно собираме податоци и на малолетници помлади од 14 години.

5. Како ги користиме вашите информации?

Ние ќе ги користиме вашите информации собрани преку интернет страниците за да: ( 1 ) ви овозможиме да учествувате во функциите што ги нудиме на сајтот, (2) процесирање на вашата регистрација и / или да испратите ваша UGC, (3) да ви обезбедиме информации што ќе ги побарате или се согласувате да ги добивате; (4) подобрување на интернет страницата за внатрешни бизнис цели, ( 5 ) ве контактираме во врска со вашето користење на интернет страницата, и какви било промени во нашата политика, (6)ве снабдуваме со наши содржини, реклами и понуди; и ( 7 ) исполнување на други цели за кои имаме правно оправдување да го сториме тоа.

6. Како ние ги споделуваме вашите информации ?

Ние можеме да ги споделуваме вашите информации со следниве страни:

Кога ќе се согласите вашите информации да се споделат

Додека сте на нашата интернет страница, можеби ќе имате можност да се одлучите да добиете информации и / или маркетинг понуди од некој друг или на друг начин да се сложите за споделување на вашите информации со трети лица. Ако вие се согласувате вашите информации да се споделуват, вашите информации ќе бидат откриени на трети лица и ќе бидат предмет на политиката за приватност и бизнис практики на тие трети лица. Можете исто така, посебно да побарате, понекогаш преку користењето на интерактивна функција, елемент или апликација, ние да ги споделуваме вашите информации со трети лица и ние обично ќе го сториме тоа под тие околности. Покрај тоа, ако одлучите да се регистрирате за промоција, како што е извлекување на награди или натпревар, вашите информации можат да бидат откриени на трети лица за потребите на реализирање на таквата промоција.

Вашите информации што јавно ги откривате на интернет страницата

Можете да поднесете UGC на интернет страницата. Секое такво UGC ќе биде откриено јавно. Оваа Политика на приватност не се однесува на употреба од трети лица на UGC откако ќе се прикаже на интернет страницата.

Трети страни кои даваат услуги во наше име

Ние можеме да вклучиме трети лица да извршуваат функции во наше име, како што е хостинг или раководење со нашиот сајт, испраќање на електронска пошта и обработка на податоци. Ние може да ги споделуваме вашите информации со трети страни со цел да обезбедиме содржина за нив или доколку на друг начин да вршат услуги за нас, и ние ќе бараме таквите лица да обезбедат соодветна заштита на таквите податоци од неовластен пристап или преработка.

Споделување и бизнис трансфери со наши филијали

Ние можеме да ги споделуваме вашите информации со други лица поврзани со нас за внатрешни причини, првенствено за бизнис и оперативни цели. Ние, исто така можеме да ги споделуваме вашите информации со купувачите на целиот или на дел од нашиот бизнис или со било кој бизнис со кој ќе се стекнеме или споиме.

Правна заштита и други обелоденувања

Ние можеме да пренесеме и откриеме информации, вклучувајќи ги и вашите информации, информации за користењето, UGC и идентификаторот на уредот кој го користите (вклучувајќи IP адреса) на трети страни: кога е потребно со закон или кога ние веруваме дека сме законски обврзани да го сториме тоа, а во барање на државните органи за спроведување на истрага; да се потврдат  или спроведуваат Услови на употреба или други применливи политики на интернет страницата, да одговориме на итни случаи, или на друг начин да се заштитат правата, сопственоста, безбедноста или сигурноста на трети страни, на посетителите на оваа интернет страница или на јавноста. Во согласност со валидни барања од страна на надлежните за спроведување на законот, ние исто така може да го користиме уредот за идентификации со цел да се идентификуваат корисници, и може да го сториме тоа во соработка со сопствениците на авторски права, интернет провајдерите, безжичните даватели на услуги или за спроведување на законот. Таквото обелоденување може да се врши и без претходно да ве предупредиме за тоа.

7. Линкови до други интернет страници и услуги и нашата содржина на други интернет страници

Интернет страницата може да содржи линкови кои ќе ве упатат до други интернет страници или услуги кои се управувани и контролирани од страна на трети лица. Ова ги вклучува линковите од реклами, спонзори и партнери кои можат да го користат нашето лого/а, како дел од ко-брендинг договор. Ние немаме контрола над овие трети лица, и вашето користење на нивните интернет страници и карактеристики се предмет на нивните политики за приватност. Ние не сме одговорни за приватноста или бизнис практиките на било која трета интенрет страница. Покрај тоа, ние можеме да ги поставиме нашите графички обележја или други карактеристики на одредени трети интернет страници. Кога ќе го сториме тоа, личните податоци кои ги добиваме за вас ќе бидат предмет на оваа Политика на приватност.

8. Вашата согласност со меѓународните трансфери на вашите информации

Оваа страница е хостирана и водена во САД. Вашите информации со тоа ќе се пренесат и обработат во Соединетите Американски Држави и, исто така, може да се пренесат на други земји надвор од Европската економска област каде што законите за приватност не можат да обезбедат еднакво ниво на заштита на оние во вашата земја. Со користење на оваа страница, како и со нашето обезбедување со било какви информации, вие се согласувате со меѓународен трансфер на вашите информации. 

9. Вашите права : пристапување и дополнување на вашите информации

Имате право на пристап до Вашите лични податоци кои се чуваат кај нас и, доколку е потребно, можете да ги измените за да се поправат евентуалните грешки. Вие исто така може да побарате да не примате електронска пошта / или други маркетинг информации од нас. За повеќе детали, ве молиме контактирајте го нашиот тим за заштита на податоците во САД преку електронската адреса: SonyPrivacy@spe.sony.com или контактирајте нé на: axn_ce@spe.sony.com

AXN Central Europe.
Teréz krt 55-57.
Budapest

Ние може да ви наплатиме мала надокнада за да се процесира вашето барање за да се добијат детали за лични податоци кои ние ги поцесираме за вас. Надоместокот нема да го надмине ограничувањето поставено со применливиот закон.

10. Кои чекори ние ги преземаме за да ги задржиме вашите информации безбедни?

Ние имплементираме соодветни технички и организациски мерки за да помогнеме да се заштитат и да се обезбедат вашите информации. Сепак, нема електронски пренос на податоци или чување на информации со кој може да се гарантира 100% сигурност.

11. Како може да се прават промени на нашата политика за приватност?

Освен до степен ограничен со применливиот закон, ние го задржуваме правото да ги менуваме условите на оваа Политика на приватност во било кое време, со видливо објавување и известување за измените на оваа интернет страница. Промените ќе стапат на сила четиринаесет дена по објавувањето и ќе важат за сите ваши информации. Ако се направат некакви промени во оваа Политика на приватност, кои суштински ќе влијаат на начинот на кој ние ги собираме, процесираме или чуваме вашите лични податоци, ние ја имаме вашата електронска адреса и ќе ве известиме по електрноски пат.