Политика за заштита на приватноста

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И КОЛАЧИЊА

Оваа Политика за приватност и колачиња важи за веб-страниците, апликациите и онлајн функциите („Содржина“) на CEE Thematics B.V.  што се поврзани со линк со оваа Политика за приватност и колачиња („Политика). Во оваа Политика, ќе ги користиме термините „CEE “, или „ние“, „нас“ и „наш/а/е/и“ кога се повикуваме на CEE Thematics B.V. (контролорот на податоци). Канцелариите на CEE Thematics B.V. се наоѓаат на булевар Западен Вашингтон Barbara Strozzilaan 101, 1083 HN, Amsterdam, Netherlands. Исто така, за колачињата и за другата слична технологија што ја користиме во оваа Политика можете да дознаете повеќе со прегледување на термините подолу.

КЛУЧНИ ИНФОРМАЦИ

  • Користиме лични податоци за да ви овозможиме да ги користите функциите на Содржината, за да ја обработиме вашата пријава, и да ви ја обезбедиме бараната Содржина што се однесува на нашите филмови и други понуди.  
  • Доколку се согласите, ќе ви испраќаме вести и промотивен материјал за CEE. Може да се предомислите во секое време и да побарате да не ги обработуваме вашите лични податоци за целите на директен маркетинг, вклучувајќи и профилирање за целите на директен маркетинг. Исто така, оваа Политика објаснува во кои случаи ги обработуваме личните податоци за наши легитимни интереси. Можете да побарате да престанеме да ги обработуваме овие податоци. 
  • Обезбедуваме интерактивни функции коишто се поврзани со страници на социјалните медиуми, какви што се Фејсбук и Твитер. Ако ги користите овие функции, тие страници ќе ни испратат Ваши лични податоци. 
  • Користиме колачиња и други технологии за следење со цел да ги персонализираме Содржината и рекламите и да ја подобриме функционалноста на нашата Содржина. 
  • Најголем дел од нашата Содржина не е наменета за деца. Може да ве прашаме за возраста пред да се пријавите за добивање вести или за користење на нашата Содржина. 
  • Кога купувате нешто од нашите страници или апликации, ќе ги користиме вашите лични податоци за да ја извршиме вашата нарачка. Ќе ги споделиме вашите лични податоци со нашите партнери за да го извршат вашето плаќање и да извршат одредени поврзани активности во наше име.  
  • Ги откриваме вашите лични податоци кога објавувате содржина креирана од корисници преку нашите веб-страници или апликации. Ги објавуваме вашите лични податоци кога ќе ни дадете согласност за споделување на податоците со нашите деловни партнери или други компании на CEE. Исто така, споделуваме податоци со трети лица коишто ги ангажираме да обработуваат податоци во наше име, или кога таквото споделување е пропишано со закон, или во други одредени ситуации. 
  • Онаму каде што ги пренесуваме вашите податоци во земји надвор од ЕУ или Обединетото Кралство без соодветни одлуки, ние ќе ги користиме стандардните договорни клаузули одобрени од Европската комисија за заштита на вашите лични податоци. 

 

1.КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Ги користиме личните податоци добиени преку нашата Содржина:

  • за да исполниме договор, или да преземеме активности во врска со договорот;
  • за да ја обработиме вашата регистрација на веб-страницата или апликацијата, или вашата пријава за натпревар, за извлекување награди или за конкурс
  • за да ви испратиме информации за измени во нашите услови или политики
  • за да го обработиме вашето плаќање и да ја извршиме вашата нарачка
  • за цели од наш легитимен интерес или во легитимен интерес на трети лица. Тие интереси се:
  • да ви овозможиме пристап до Содржината и функциите на веб-страниците и апликациите
  • да ви ги испратиме информациите што сте ги побарале
  • да обезбедиме сигурност на нашите веб-страници и апликации, обидувајќи се да спречиме неовластени или злонамерни активности
  • да ја утврдиме вашата приближна локација и да ја адаптираме нашата содржина (на пр. јазик, валута, територијални ограничувања)
  • да обезбедиме усогласеност со нашите Услови за користење и други политики, и да им помогнеме на други организации (како на пример, сопственици на авторски права) да ги остварат своите права
  • да ги приспособиме Содржината, рекламите и понудите на вашите потреби.
  • кога ни давате согласност:
  • кога барате да ви испраќаме маркетиншки информации преку медиум за кој ни е потребна ваша согласност (на пример, е-маил маркетинг)
  • кога ни давате согласност да поставиме колачиња и да користиме слични технологии
  • во други случаи кога бараме ваша согласност, за намената што ќе ја објасниме во тој момент.
  • кога ни давате согласност за пристап до вашата прецизна геолокација, ние ја користиме за да обезбедиме одредени услуги, како на пример, да прикажеме локални театри или да понудиме реклами базирани на локација.
  • кога е пропишано со закон:
  • кога ни треба согласност од родител за Интернет услуги за деца помлади од 16 години, или на релевантна возраст под којашто е потребна согласност од родител. Меѓутоа, повеќето од нашите веб-страници и апликации не се наменети за деца помлади од 16 години.
  • како одговор на барања на владата или на извршни органи при спроведување на истрага.

Личните податоци ги чуваме се додека сметаме дека е потребно за целите наведени погоре.

2.ИНФОРМАЦИИ ШТО ГИ ДОБИВАМЕ ОД ТРЕТИ ЛИЦА

Понекогаш добиваме информации за вас од трети лица. На пример, ако се пријавите на веб-страница или апликација користејќи Фејсбук Конект (Facebook Connect), ќе ве прашаме дали сакате да ги споделите податоците од вашата Фејсбук сметка со нас. Ако учествувате во игра или друга содржина каде што вашиот резултат се објавува во содржината на социјалните мрежи, или ако го користите копчето „ми се допаѓа“ или „сподели“ за содржина на нашите веб-страници или апликации, тогаш третото лице ќе ги сподели податоците со нас.

Ако учествувате во активности на веб-страници или апликации коишто не се на CEE – на пример, ако учествувате во апликација на Фејсбук - може да ни дозволите да пристапиме до личните податоци коишто се чуваат на Фејсбук или кај други сопственици на веб-страниците или апликациите.

Исто така, ќе добиеме ваши лични податоци ако поединци ни дадат пристап до нивните профили, или слични функции на веб-страниците или апликациите коишто не се на CEE, а вие сте една од нивните „контакти“.

Некои од нашите Содржини имаат опција „испрати на пријател“. Опцијата „испрати на пријател“ претставува барање од корисниците да испратиме одредена содржина на нивни пријатели. Ако пријател побара од нас да ви испратиме одредена соджрина, ние ќе ги обработиме вашите детали за контакт (на пример, електронска адреса). Деталите за контакт се користат само за да ви ја испратиме одредената содржина, но ние не ги чуваме деталите за контакт. Ако сакате да ја користите оваа опција, треба да ни ги дадете деталите за контакт од вашите пријатели доколку сте сигурни дека сакаат да ги контактираме. Вашиот пријател ќе знае дека вие сте ни ги дале нивните детали за контакт.

Ако обезбедуваме онлајн услуги на дете за кои е потребна согласност од родител, може да ја побараме електронската адреса на родителот, за да добиеме согласност.

3.КОЛАЧИЊА И СЛИЧНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ

Колачиња, веб-светилници (исто така познати како „пиксели за следење“) и други технологии за следење, СEE и трети страни, вклучително и компании на групацијата можат да ги користат за прибирање информации за интеракции со Содржината или електронската пошта, во кои спаѓаат и информации за начини на прелистување и купување. 

Овие колачиња и сличните технологии за следење ни овозможуваат да ве препознаеме кога ќе посетите веб-страница или апликација, или кога ќе отворите електронска пошта - тие извршуваат повеќе различни функции, на пример ви овозможуваат ефикаснa навигација помеѓу веб-страниците, ги запаметуваат вашите преференции, и општо го подобруваат вашето искуство.

Користиме технологии за следење заради три цели:

  • да ви ја обезбедиме услугата што сте ја побарале: на пример, да останете пријавени во текот на посетата на веб-страницата и да oбезбедиме сигурност на Содржината.
  • да покажеме реклами коишто се посоодвени на вашите интереси: на пример, со ваша согласнoст, користиме технологии за следење за да ја запаметиме Содржината што ве заинтересирала, а потоа ја користиме за да ви прикажеме реклами соодветни за вас, како и кога сте на друга веб-страница. Исто така, технологиите за следење ограничуваат колку пати гледате одредена реклама, ја мерат ефективноста на рекламните кампањи и ни помагаат нам и на други да следиме дали рекламите се прикажани соодветно, за да платиме за нив. Понатаму, им дозволуваме и на други организации да користат технологии за следење за овие рекламни цели.
  • да го анализираме и подобриме вашето искуство со пребарувањето: да анализираме која Содржина е најпопуларна и најмногу се гледа, а која најмалку се гледа и да добиеме општи информации за корисниците на Содржината (на пример возраст, пол и области на интерес). Исто така, проверуваме дали има грешки или дефекти во Содржината и го запаметуваме изборот што сте го направиле, на пример јазик или регион, за да го збогатиме и персонализираме вашето искуство. За таа цел користиме аналитички услуги од Google. Ако не сакате да ги користиме информациите за вашите посети на овој начин, кликнете овдеза Google, за да ги одбиете нивните услуги.

Како се управува со технологии за следење

Ако ја користите нашата Содржина преку пребарувач, можете да ги смените параметрите за колачиња и да ја отповикате вашата согласност во секое време, со користење на Алатката за согласност за колачиња (Cookie Consent Tool). Колачињата не мора да бидат овозможени за да ја користите нашата Содржина, но нивното исклучување може да влијае врз искуството на нашите страници и апликации.

Покрај ова:

  • Во менито „Помош“ („Help“) во лентата за мени на повеќето пребарувачи е објаснето како да спречите вашиот пребарувач да прифаќа нови колачиња, како да избришете стари колачиња, како пребарувачот да ве извести кога ќе примите ново колаче и како целосно да ги исклучите колачињата
  • Може да ги одбиете аналитичките услуги како што е опишано погоре.

 

 

Технологии за идентификација на локација

Согласно важечката законска регулатива, ние може да користиме софтвер ГПС (системи за глобално позиционирње), гео-филтри и други технологии за откривање локација, за да ве лоцираме (понекогаш прецизно) со цел да ја потврдиме вашата локација и да испорачаме или ограничиме содржина (на пр. територијални ограничувања) и да понудиме реклами според вашата локација. Вие може да го исклучите прецизното следење на географска локација преку поставките за локација на вашиот уред.

Apple iOS и Android уреди

Кога пристапувате до одредени апликации преку овие уреди, се согласувате колачињата да се зачуваат на вашиот уред за следниве намени: да останете пријавени, за управување со кодовите за родителска контрола, за аналитички услуги и реклами. Овие колачиња се клучни за работењето на апликацијата. Во моментов не може да ги одбиете или да ги отстраните овие колачиња од уредот без да ја избришете апликацијата.

4.КАКО ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ако ви побараме согласност за споделување на вашите лични податоци со трети лица за нивни маркетиншки цели, и ако вие дадете таква согласност, ние ќе ги споделиме личните податоци со овие трети лица. Не ги споделуваме вашите лични податоци со трети лица за нивни маркетиншки цели доколку вие не дадете согласност.

Ако се пријавите за промотивна кампања, на пример за натпревар, влечење награди или конкурс кои ги организира трето лице, вашите лични податоци ќе му бидат дадени на организаторот за да може да ја организира кампањата. Исто така, ова може да значи дека вашите лични податоци ќе се додадат во листата на победници или најдобро пласирани.

Ако до веб-страницата или апликацијата поднесете Содржина креирана од корисници, тоа јавно ќе се објави.

Споделуваме податоци со трети лица кои вршат функции во наше име, на пример хостирање или управување со нашата веб-страница или апликации, праќање електронска пошта, и анализа на податоци. Кога купувате нешто преку некоја од нашите веб-страници или апликации, ние ќе ги споделиме вашите лични податоци со трети лица за да го обработиме вашето плаќање со картичка и да ја испорачаме вашата нарачка.

Ги споделуваме вашите лични податоци со други субјекти на CEE кои се вклучени во нашата обработка на податоци за целите наведени во дел 1 погоре. Кога давате согласност преку процесот на регистрација или преку алатката за согласност за колачиња, вашите лични податоци ќе ги споделиме и со други лица поврзани со компании CEE за да ги користат за директен маркетинг.

CEEили нејзините средства, вклучително и Содржината, може да се продадат, или може да настанат други трансакции во кои вашите лични податоци може да се сметаат за деловни средства на трансакцијата. Во таков случај, вашите лични податоци може да се пренесат, или како дел од трансакцијата, или во процес на финансиско-техничка анализа на компанијата.

Споделуваме информации со владата и со извршни органи, како и со други органи вклучени во или кои планираат правна постапка за да исполнат одредена законска обврска, кога со добри намери веруваме дека тоа е пропишано со закон, или кога тоа ни е неопходно нам или на третите лица за да ги заштитиме нашите или нивните права, имот, безбедност или сигурност.

5.ПРЕНОС

Нашите веб-страници и апликации се хостираат од страната на нашите даватели на услуги и со нив се управува во Европската унија. Онаму каде што ги пренесуваме вашите податоци во земји кои не се членки на ЕУ или Обединетото Кралство, во кои има закони за приватност, коишто се можеби надвор од земајта во којашто живеете, каде што законите за приватност на податоците можеби не обезбедуваат еднакво ниво на заштита на податоци како законите во вашата матична земја. За меѓународни траснфери на вашите податоци до субјектите на CEE групацијата на компании или до нашите даватели на услуги, користиме соодветни заштитни мерки за заштита на вашите податоци, какви што се Стандардните договорни клаузули одобрени од Европската Комисија или од регулаторна агенција во земјата во која живеете. Ако сакате примерок од стандардните договорни клаузули или ако имате други прашања, ве молиме контактирајте нè. 

6.ИЗМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, КОНТРОЛА НА МАРКЕТИНШКИТЕ СООПШТЕНИЈА, ДРУГИ ПРАШАЊА ЗА ПРИВАТНОСТА И ПРАВАТА