• What’s on AXN
  • Каде да го гледате AXN?

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Ние ги штитиме вашите податоци

Заштитата на лични податоци е прашање од голема важност во AXN Magyarország Kft. („SPE“), индиректно зависно друштво на Sony Pictures Entertainment Inc. Ова се однесува особено на заштитата на личните податоци на деца и младинци. Дел од нашите основни политики е да постапуваме со личните податоци кои ги доставувате до нас во согласност со законот и само за целите на обезбедување на бараните услуги, како и за целите за кои Вие изречно сте се согласиле. За целите на оваа Политика за заштита на приватноста и применливите прописи за заштита на личните податоци, SPE се смета за контролор кој е одговорен за собирањето, обработката и користењето на Вашите лични податоци. Пред да пристапите до веб-локациите на SPE („Веб-локациите“), ние би сакале да Ве информираме за тоа кои податоци ги бараме од Вас и за кои цели таквите податоци се собираат и користат.

До мерата до која SPE фактички ги собира, обработува или користи Вашите лични податоци, тоа ќе се врши во согласност со важечките законски одредби за заштита на личните податоци. Овие одредби, во одредени случаи бараат Ваша согласност за собирање, обработка или користење на личните податоци. Пред да ни доставите лични податоци во контекст на користењето на Веб-локациите, ќе имате можност да ја дадете Вашата согласност за таквото собирање, обработка и/или користење на Вашите лични податоци на тој начин што ќе го штиклирате соодветното поле што ќе се појави на Вашиот монитор. Истовремено, оваа Политика за заштита на приватноста ќе се појави на Вашиот монитор и бараме да ја разгледате подробно. Вашите лични податоци ќе бидат пренесени од Унгарија до поврзаните компании на SPE и до трети страни во Европската Унија и надвор од Европската Униција, каде што нивото на заштита на лични податоци може да биде пониско. Доколку се согласувате со таквиот пренос на Вашите лични податоци и со изјавата за согласност, Ве молиме штиклирајте ги означените места за да ја назначите Вашата согласност. Вие можете да ја отповикате Вашата согласност во секое време, во писмена форма на адресата што е наведена во Условите за Користење на Услугата или по e-mail на адресата: Copyright-ce@spe.sony.com. Вие може да го дадете ова отповикување во секое време. Во тој случај, ние ќе ги избришеме Вашите зачувани лични податоци, без непотребно одлагање.

Освен тоа, Вие може во секое време и без надомест да побарате информации за портфолиото на Вашите лични податоци кои се зачувани кај SPE, како и за какви било изјави за согласност, информирајќи не во писмена форма на адресата наведена во Условите за Користење на Услугата или по e-mail на Copyright-ce@spe.sony.com за Вашето барање за откривање на информациите. Покрај тоа, Вие, исто така, можете на овој начин да побарате исправка, блокирање или бришење на кој било неточен податок и/или бришење на Вашите податоци на овој начин или да не контактирате доколку имате какви било дополнителни прашања во врска со оваа изјава за заштита на податоците.

Посебно известување за деца под 13 години

SPE ја уважува чувствителноста на личните податоци кои се однесуваат на децата на возраст под 13 години и токму затоа го дава ова специјално известување. SPE е посветена да се придржува до сите применливи закони и прописи во врска со децата. Освен во ограничен број случаи дозволени со применливото право, SPE нема свесно да собира, чува или открива какви било лични податоци од дете под 13 години. 

Доколку сте родител или старател кој открил дека Вашето дете на возраст под 13 години доставило негови или нејзини лични податоци без Ваша дозвола или согласност, ние ќе ги отстраниме личните податоци на ваше барање. За да побарате отстранување на податоците на Вашето дете, Ве молиме пратете писмо на адресата наведена во Условите за Користење на Услугата, или на e-mail адресата: Copyright-ce@spe.sony.com и погрижете се да го наведете во Вашата порака истото Корисничко Име и лозинката и/или адреса на електронска пошта што ја доставило Вашето дете.

SPE ги охрабрува родителите и старателите да поминат извесно време на Интернет со нивните деца за да се запознаат со видовите на содржини достапни на Веб-локациите и Интернетот воопшто.

Кориснички сметки

За да можете да ги користите нашите простори за разговор, табли за пораки и некои други услуги, ќе треба да се регистрирате и да креирате корисничка сметка („Корисничка Сметка“). Креирањето на Корисничка Сметка не се наплаќа. Може да Ви биде побарано да изберете корисничко име, екранско име или членско име (секое како „Корисничко Име“) и лозинка. Ве молиме да не го користите Вашето вистинско име или вистинското име на друго лице при изборот на Корисничкото Име. Исто така, ќе биде побарано од Вас да дадете одредени лични податоци и други податоци за себе, како што се Вашето име и презиме, датум на раѓање, адреса, телефонски број и адреса на електронска пошта.

Ве молиме имајте предвид дека Вашето Корисничко Име ќе биде достапно за општата јавност на Интернет додека учествувате во некои услуги, како што се просторите за разговор  или таблите за пораки, па затоа треба да внимавате на дискрецијата при користењето на овие услуги. Оваа Политика на за заштита на приватноста не се применува на кој било податок што може јавно да го откриете при таквите услуги. Во некои случаи, може да изберете да создадете „Јавен Профил“, кој ќе биде достапен на други на Интернет. Јавните Профили се целосно управувани од Ваша страна, а единствено Вие сте одговорни за содржината на Вашиот Јавен Профил и неговиот „јавен“ или „приватен“ статус. Вие, исто така, сте одговорни за одржувањето и ажурирањето на податоците за регистрирање во Вашата Корисничка Сметка со тековни и целосни информации. Можете да пристапите да, да го уредувате или да го отстраните Вашиот Јавен Профил најавувајќи се на Вашата Корисничка Сметка и следејќи ги упатствата дадени таму. Вие, исто така, можете да испратите писмо на адресата наведена во Условите за Користење на Услугата, или на e-mail адресата: Copyright-ce@spe.sony.com, за да побарате деактивирање на Вашата Корисничка Сметка. 

Собирање на лични податоци

Личните податоци ги вклучуваат сите поединечни податоци за личните или фактичките околности на секое поединечно или определиво физичко лице. Исто така, тука спаѓаат и, на пример, адресата на електронска пошта, името, датумот на раѓање итн. Општо земено, Веб-локациите може да се посетуваат без да се даваат лични податоци, анонимно или со користење на псевдоним. Ние собираме лични податоци од посетителите на нашата Веб-локација само кога тоа го сака лицето и кога е неопходно со цел да се контактира со релевантниот корисник или кога тоа е неопходно за да се учествува во одредени услуги. На пример, ова може да биде случај кај натпревари, томболата, специјални понуди, како и за одредени функции кои ги нуди SPE или трети страни.

Преку линковите на нашата Веб-локација Вие може да бидете упатени на интернет услуги на трети страни, кои самите можат да собираат, обработуваат и користат лични податоци. Може да биде потребно да се регистрирате и да откриете некои лични податоци за да можете да ги користите таквите услуги на трети страни, на пример, кај посебни функции поврзани со заедница на корисници. Овие функции поврзани со заедница на корисници може да Ви овозможат да креирате и да постирате свој профил, и да учествувате во простори за разговор, блогови и други форуми. Во однос на тие услуги и за целите на придржување до применливите прописи за заштита на лични податоци, операторите на надворешните веб-локации, кои може да Ве информираат за начинот на кој постапуваат со Вашите лични податоци согласно нивните политики за заштита на приватноста, се единствено одговорни. Ние немаме можност да обезбедиме дека Вашите податоци се заштитени од страна на релевантните компании на ист начин како што Вашите податоци се заштитени од страна на SPE.

Обработка и користење на лични податоци

Ние ги обработуваме и користиме Вашите лични податоци само до мерата до која Вие сте се согласиле и/или кога тоа е неопходно за користењето на нашите услуги. Особено, последното важи кога ги користиме Вашите податоци по Ваше барање за целите на комуницирање, односно за да можете да пристапите до одредени содржини на SPE, за да Ви обезбедиме информации за натпревари или на тековните телевизиски програми. За овие цели, Вашите податоци се зачувуваат на централизиран сервер во САД, којшто не е достапен за неовластени трети страни.

Под услов да сте ја дале Вашата согласност, ние можеме да ги користиме и пренесуваме индивидуалните лични податоци, исто така, за целите на истражување на пазарот или создавање на статистики или за рекламни цели на други компании коишто се поврзани со SPE (вклучувајќи ги и оние надвор од Унгарија или Европа). Корисниците ќе бидат контактирани за рекламните цели, само доколку тие се согласат со тоа. Нема да се врши продажба или тргување со Вашите лични податоци со компании кои се трети страни и кои не се поврзани со нашата компанија на каков било начин. SPE нема да создаде каков било кориснички профил или профил на интереси врз основа на Вашите лични податоци.

SPE ќе ги чува Вашите лични податоци во строга тајност. Ние ќе ги зачуваме Вашите лични податоци само за времето потребно за горенаведените цели. По тој временски период, Вашите податоци ќе бидат избришани.

Зачувување на податоци

Кога ќе пристапите на нашите Веб-локации, нашите интернет сервери автоматски и трајно ќе зачуваат извесни податоци за конекцијата како, на пример, името на Вашиот давател на интернет пристап, на веб-локацијата која сте ја посетиле, како и датумот, локално време, фреквенција и навигација на Вашата посета. Ние ги зачувуваме овие податоци само за целите на изготвување статистики и нема да ги користиме на кој било друг начин.

Покрај тоа, ние ќе евидентираме податоци на нашите Веб-локации со користење на т.н. „Cookies“ („Колачиња“). Колачињата се мали единици на информации кои се зачувуваат на тврдиот диск на Вашиот компјутер заради препознавање на повеќекратно користење на услуги кои се нудат на Веб-локациите. Исто така, постојат т.н. „Session based cookies“ („Колачиња базирани на сесијата“) кои се користат за целите на контрола на конекцијата и кои ќе останат во главната меморија на Вашиот компјутер. Ова значи дека Колачињата базирани на сесијата нема да останат на Вашиот компјутер откако ќе го затворите Вашиот интернет пребарувач. Повеќето интернет пребарувачи автоматски прифаќаат Колачиња. Вие, сепак, можете да го поставите Вашиот пребарувач да одбива Колачиња. Според тоа, секогаш имате можност да го одбиете инсталирањето на Колачиња на Вашиот компјутер. Ние не користиме Колачиња за рекламни цели или за создавање на кориснички профили или за други цели на комерцијална евалуација. Користењето на Колачиња претежно служи за статистички цели, како и за придржување до условите за корисници во контекст на томболата или други услуги како што се гласања.

Промени во сопственоста над веб-локациите

Ќе се смета дека сте се согласиле со откривањето на, и користењето од страна на секој нов сопственик или оператор на Веб-локациите, на Вашите податоци доставени до нас, до мерата до која SPE ќе ги пренесе своите права и обврски во поглед на таквите податоци во врска со спојување, стекнување или продажба на сите или на значителен дел од средствата на SPE  или во врска со спојување, стекнување или продажба на сите или на значителен дел од средствата поврзани со Веб-локациите на секој нов сопственик или оператор. Во случај на такво спојување, стекнување или продажба на сите или на значителен дел од средствата на SPE, Вашето континуирано користење на Веб-локациите значи дека се согласувате да бидете обврзани со оваа Политика на заштита на приватноста. Вашето право да ја отповикате дадената изјава за согласност и користењето на Вашите лични податоци во секое време, останува незасегнато. Ние го задржуваме правото да ја измениме оваа Политика на заштита на приватноста во секое време, придржувајќи се до респективните применливи прописи за заштита на личните податоци.

Согласност

Со штиклирање на соодветното поле на Вашиот монитор при регистрирањето на Веб-локацијата, Вие прифаќате дека поседувате соодветни информации и доброволно се согласувате со условите од оваа Политика за заштита на приватноста, вклучително и со користењето и преносот на Вашите лични податоци.



Footer Menu
  • AXN Контакт
  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
Change Your Region
© 2012 AXN Central Europe LLC, All rights reserved. AXN is a registered trademark of AXN Network, Inc.